Де ла Фуенте без младата ѕвезда на Барса на ЕВРО 2024

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де Ла Фуенте го објави конечниот список од 26 фудбалери кои ќе настапат за „црвената-фурија“ на континенталниот шампионат во Германија.

Де ла Фуенте отпиша неколку фудбалери, меѓу кои и младата ѕвезда на Барселона, Пау Кубарси кој имаше солидни настапи минатата сезона во дресот на каталонскиот великан во кој брзо успеа да се избори и за стартната постава.

Шпанија на шампионатот се наоѓа во групата Б заедно со репрезентациите на Италија, Хрватска и Aлбанија.

Се вчитува...