Де Лаурентис го пецна Јувентус: Нашите титули се сите чесни!

Наполи е убедливо најдобриот тим во Италија сезонава, повеќе од заслужено наоѓајќи се на челната позиција со 18 бода предност во однос на конкурентите, очекувајќи ја само официјалната промоција како нов шампион на Серија А.

Горд на успехот на својот тим е секако и претседателот Де Лаурентис кој во разговор за италијанските медиуми не пропушти да го „пецне“ Јувентус пред гостувањето кај Удинезе.

„Да, ќе почекаме за официјалната прослава, но победата над Јувентус за нас веќе беше важна како Скудето. Тоа што ги победивме толку убедливо на првиот меч (5-1) и начинот на кој ги победивме на вториот меч е повеќе од доволно за нас. Да бидам искрен, ние овој циклус го започнавме уште многу пред оваа сезона, иако поради некои околности завршувавме втори кога требаше да бидеме најдобри. Мислам дека требаше да имаме повеќе титули, но најважно од се, ние ја освојуваме ‘титулата на чесноста’, нема почиста титула од оваа, како и сите наши претходно колку и да се“ – истакна сопственикот на Наполи.

Се вчитува...