Матијс де Лихт одби да се пресели во Барселона, иако претходно бил постигнат договор меѓу клубовите околу трансферот, пренесуваат шпанските медиуми. Капитенот на Ајакс имаше одлична сезона зад себе, а со својата одлична игра го привлече вниманието на европските гиганти.
Каталонскиот гигант се договорил со Ајакс, младиот Холанѓанец на „Камп Ноу“ да прејде за 75 милиони евра и да му се придружи на соиграчот Френки де Јонг кој во јули официјално ќе биде претставен како нов играч на Барселона. Сепак, каталонскиот клуб ја загубил битката за втората млада ѕвезда на Ајакс, а клучната улога во тоа ја имал менаџерот Мино Рајола кој ја одбил понудата.
Во трката за потписот на Де Лихт остануваат ПСЖ, Баерн Минхен и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА