Де Роси: Бев тажен кога ја напуштив Рома, но еден ден ќе се вратам како тренер

Легендата на Рома, Даниеле Де Роси во интервју за италијанските медиуми вели дека не била негова одлуката да си замине од Рома, но во редовите на Бока Јуниорс научил многу нешта, меѓу другото и како да биде тренер.

Де Роси вели дека бил многу тажен кога ја напуштил Рома после 20 години минати во клубот…

„Бев 20 години во Рома, а потоа некако чудно си заминав. Но, не беше моја одлука и желба да си заминам. Во иднина сигурно ќе се вратам во клубот, и тоа како тренер…. Но, не брзам, најпрво мора добро да го совладам тој ‘занает’. Во секој случај, еден ден се гледам на клупата на Рома“ – вели Де Роси.

Се вчитува...