Де Роси ќе игра и за двојно помала плата за Рома

Даниеле де Роси низ својата фантастична кариера неколку пати ги одбиваше Челси, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и други европски гиганти, покажувајќи ја својата лојалност кон Рома. Сега кога се наоѓа на залезот на кариерата искусниот играч за врска воопшто не помислува на менување на клупските бои, па прифати и нов договор со Рома иако истиот се однесува на двојно помала плата.

Според актуелниот договор со важност до крајот на сезонава, Де Роси заработува три милиони евра годишно, но големиот борец без размислување прифатил да остане во Рим уште една година за сума од 1,5 милион евра.

„Желба му е да ја заврши кариерата во Рома и тоа ќе му се исполни. Затоа и парите не беа важни во разговорите, прифати без размислување“ – откриваат челниците на „волчицата“.

Рома е единствениот клуб во кариерата на Даниеле де Роси, кој досега одиграл 594 натпревари за „римската волчица“, притоа постигнувајќи 61 погодок.

Се вчитува...