Рома славеше со 3-1 на градското дерби со Лацио и покажа дека кризата е надмината. Не само со резултатот, „волчицата“ импресионираше и со прикажаната игра, потврдувајќи дека овој тим поседува исклучителен потенцијал.
„Се враќаме во форма, онаа што ја красеше нашата екипа минатата година. Ова е вистинската Рома, мило ми е што се покажавме токму со Лацио, бидејќи ни здодеа да ги слушаме критичарите. Еднаш виновен бил тренерот, после тоа ние како играчи не сме биле доволно посветени… сето тоа беа глупости, но исто така се и нормални работи кога не победувате, а тоа се очекува од вас“ – истакна капитенот Даниеле де Роси.
Тој имаше пофални зборови за стрелците на првите два гола за Рома, Лоренцо Пелегрини и Александар Коларов.
„Тој е добро момче, згора на тоа е роден во Рим, така што многу добро знае што ни значи ова дерби. Беше разочаран поради критиките во изминатиот период, но покажа за каков играч станува збор. Исто така сакам да кажам нешто и за Коларов, некои луѓе го критикуваа, но тој заработи незгодна повреда со Фросиноне, денеска стисна заби, ни помогна, дури и го даде клучниот гол. Тоа треба сите да го знаат и да го ценат“ – застана Де Роси во одбрана на Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА