Де Роси пренесен во болница во борбата со коронавирус

Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле де Роси, морал да биде пренесен во клиника во Рим откако му се влошила состојбата во борбата против коронавирусот.

Де Роси од неодамна е член на стручниот штаб на италијанската репрезентација под водство на Роберто Манчини, а екс-капитенот на Рома настрада токму при последниот репрезентативен собир, кога „аѕурите“ се претворија во огромен кластер од кој позитивни излегоа бројни фудбалери, но и членови на тренерскиот тим на репрезентација.

Тој најпрвин се лекувал дома, но откако состојбата му се влошила бил пренесен во клиниката Спаланцани, која важи за најдобра во цела Италија во борбата против коронавирусот. Поранешниот италијански репрезентативец имал пневмонија на белите дробови, но меѓу медицинските лица владее оптимизам дека состојбата на Де Роси ќе се стабилизира во наредниот период.

Се вчитува...