Де Xеа: Сите се фасцинирани од најдобриот напаѓач, младите играчи учат од Роналдо

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа е воодушевен од доаѓањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“. Шпанскиот голман во прв план го става влијанието на Португалецот врз остатокот од тимот.

Откако пристигна во Манчестер, Кристијано веќе постигна четири гола на четири натпревари.

„Искуството што го има, амбицијата, е нешто неверојатно. Тој е легенда на клубот. За каква класа на играч се работи се виде на првите натпревари. Тоа ни значи многу на сите полиња од теренот“, рече Де Хеа.

Шпанскиот голман е особено импресиониран од играта на Роналдо надвор од теренот.

„Сите се фасцинирани од најдобриот напаѓач. Младите играчи имаат можност да го гледаат секој ден на тренинзите. Колку човек се грижи за своето тело, за закрепнување и рехабилитација. Тој е вистински пример и за нас е среќа што го имаме во тимот“, изјави Де Хеа.

Јунајтед одлично ја започна сезоната во Премиер лигата. Моментално го делат првото место на табелата со Челси и Ливерпул. Сите три екипи имаат по 13 бода од пет одиграни натпревари. Во сабота Јунајтед предводен од Роналдо ќе ја пречека Астон Вила. Натпреварот започнува во 13.30 часот.

Се вчитува...