Де Зерби не дозволува еуфорија: Да си прв во октомври не значи ништо…

Расте оптимизмот во редовите на Олимпик Марсеј по синоќешноит триумф над Авр со убедливи 6-2, петта победа во низа на Олимпик во сите натпреварувања.

Она што е најважно за навивачите, Олимпик со оваа победа го прескокна ПСЖ на првото место на табелата, но тренерот Роберто де Зерби јасно стави до знаење дека нема да дозволи еуфорија во вака рана фаза од од сезоната.

„Ова беше важна победа бидејќи се искачивме на првото место на табелата. Разбирам дека луѓето се среќни и мило ми е поради тоа, но ова не значи ништо, никој не памети кој бил прв во октомври, важно е само кој ќе биде на врвот во мај. Она што ме радува е што игравме добро, што имавме огромна поддршка од трибините и што се радувавме заедно. Тоа покажува дека сме на вистински пат, но тој пат е долг и не завршува во октомври“, вели Де Зерби.

Тој имаше и пофални зборови за Мејсон Гринвуд, одличниот офанзивец кој постигна четири погодоци против Авр.

„Гринвуд е неверојатен талент, веќе постигна бројни важни голови за нас, никогаш нема пропуштено тренинг, а јас кај него гледам толку многу простор за напредок. Тој може да биде уште покорисен за екипата, искрено говорам кога велам дека може да биде еден од најдобрите во светот за неколку години“, истакна шефот на стручниот штаб на Олимпик Марсеј.

Се вчитува...