Дебакл: Две четвртини без постигнат поен – кошаркарките убедливо поразени од Словенија

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години го забележа и вториот пораз на ФИБА „Челинџерот“ кој се одржува во Софија откако загуби од Словенија со убедливи 88-22. Притоа избраничките на Антиќ не успеаја да постигнат поени во првата и последната четвртина.

Словенките беа убедливо подобриот противник на денешниот меч. Првата четвртина ја добија со 34-0 по што следеше подобра игра на нашите репрезентативки во втората (13-11) и третата четвртина (11-13), а потоа повторно потфрлија во послените десет минути во кои повторно не успеаја да постигнат ниту еден поен.

Најрасположена во нашите редови беше Марија Димитријевиќ со седум поени, Мартина Маркоска додаде четири, додека во листата на стрелци се запишаа и Чолакоска, Ставревска, Цветковска, Салиу и Модева.

Се вчитува...