Дебакл на Вардар во Кратово, Шкупи ги запре „пандевци“, Шкендија убедлива со Ренова (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 26. КОЛО….

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-1)

Диак Ламине 79′

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-3)

Ибраими 51′, Вандерсон Да Силва 75′, Елези 90′

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (0-1)

Мециновиќ 47′

Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-2)

Робсон Да Силва 45′, Чарлестон 84′

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР (6-0)

Ристов 3′, 19′, 53′, Ѓоргиев 63′, 71′, 83′

ВЧЕРА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-1

======================================================================================

  • „Лавовите“ сосема заслужено славеа против Беласица со 0-2 во Струмица. Бразилска победа на Македонија ЃП со головите на Да Силва и Чарлестон.
  • Крај и на дуелот во Велес, каде Струга ТЛ со голот на Мециновиќ победи со 0-1.
  • Шкендија го доби локалното дерби со Ренова, славејќи со убедливи 0-3.
  • КРАЈ И НА НАТПРЕВАРОТ ВО СТРУМИЦА. Шкупи славеше против Академија Пандев со еден гол од прекин.
  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО КРАТОВО. Убедлива победа на Силекс против Вардар од 6-0. Вардар се повеќе се движи кон второлигашката конкуренција.

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-2)

0-2 – 84′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. По скратениот корнер од левата страна, Чарлестон ја зафаќа топката од десетина метри за водство од 0-2


АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 78′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. По корнерот од левата страна, Диак највисок во скокот со глава за водство од 0-1


СИЛЕКС – ВАРДАР (5-0)

5-0 – 71′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Втор гол на Пепи Ѓорѓиев по нафрлањето на Ѓорѓевиќ од левата страна

СИЛЕКС – ВАРДАР (4-0)

4-0 – 63′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. И Пепи Ѓоргиев по една мешаница се запишува во листата на стрелците за Силекс.

СИЛЕКС – ВАРДАР (3-0)

3-0 – 53′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Катастрофална грешка на одбраната на Вардар која буквално подари топка на домаќините, и Ристов постигнува хет-трик!


РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 51′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Бесарт Ибраими носи водство за Шкендија.

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (0-1)

0-1 – 47′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По корнерот од левата страна, на вториот дирек највисок во скокот со глава Јасмин Мециновиќ кој стрела во мрежата на домашните

  • Почеток на вториот дел на натпреварите од 26. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 45′ – ГООООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Извонреден шут на Робсон Да Силва од 30 метри, ниско по земја за водство на „лавовите“

  • 40′ – БЕЗ НИКАКВИ ПОСЕРИОЗНИ ВОЗБУДУВАЊА НА ТЕРЕНИТЕ ВО ПРВАТА ЛИГА. НЕМА ГОЛОВИ ОСВЕН ОНИЕ ДВА НА РИСТОВ ОД КРАТОВО!

СИЛЕКС – ВАРДАР (2-0)

2-0 – 19′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Денис Ристов повторно шутира од 18 метри, Велковски ја зафаќа топката која отседнува во мрежата на Илиќ


СИЛЕКС – ВАРДАР (1-0)

9′ – Феноменален шут на Дејан Блажевски од 20 метри, но гредата го спасува голот на Силекс

СИЛЕКС – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 3′ – ГООООООЛ ЗА СИЛЕКС. Евро-гол на Денис Ристов кој директно од слободен удар од 20 метри стрела во аголот од голот на Вардар!


СИЛЕКС – ВАРДАР (0-0)

1′ – Уште во првиот напад веднаш добар шут на Денис Ристов но за малку над гредата од голот на Вардар

  • Почеток на натпреварите од 26. коло во ПМФЛ

======================================================================================

Во 26. коло од ПМФЛ, интересна пресметка во Струмица каде Академија Пандев ќе биде домаќин на Шкупи. Во битката за бегство од дното Силекс го пречекува Вардар во Кратово.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...