Дебелиот Балотели… Вишок од 12 килограми на стартот од сезоната

Роберто Манчини му овозможи на Марио Балотели конечно да се врати во репрезентацијата на Италија, но контроверзниот напаѓач повторно ја злоупотреби довербата.

Напаѓачот на Ница одигра ужасно на стартот од Лигата на нациите против Полска (1-1), па не беше ниту на клупата во дербито со Португалија (0-1). Набрзо е откриено дека е отстранет од тимот поради лошата физичка подготвеност и вишокот килограмни.

Балотели престанал да тренира за време на летото додека се надеваше на трансфер во Лион, па има додадено плус 12 килограми од тежината на крајот од сезоната. Француските медиуми тврдат дека еден месец подоцна се приклучил и на подготовките на Ница со тежина од дури 100 килограми на 189 сантиметри висина. Токму поради тоа е казнет и во Ница со тоа што е отстранет од тимот и за вечерашниот дуел со Рен, но и за дуелот од следното коло.

Балотели за две сезони во дресот на Ница има постигнато 43 гола на 67 натпревари, што е негов најдобар просек во кариерата (33 на 77 за Милан, 30 од 80 меча за Манчестер сити и 28 од 86 меча за Интер).

Се вчитува...