Деби и рекорд: Сетиен подобар од Гвардиола

Кике Сетиен долго се потеше на дебито за Барселона, пред Меси во 75. минута да постигна гол за победа на дуелот против Гранада. Новиот тренер дебитираше со триумф, а згора на тоа оствари и фантастичен рекорд, Барса на првиот меч под негово водство го одигра натпреварот со најмногу додавања во клупската историја.

Каталонците ја надминаа границата од 1.000 додавања, стигнувајќи до бројката од 1.005 што е апсолутен рекорд во шпанскиот фудбал. Со тоа, Сетиен го урна рекордот на Пеп Гвардиола, под чие водство Барса на дуелот со Леванте во 2011 година имаше 988 додавања.

„Повеќе од илјада додавања? Она пто го сакам е да имаме контрола и да избегнуваме да ја губиме топката, да не мораме да трчаме назад. Ако неочекувано ја загубите топката, противникот може  да ве казни“, изјави Сетиен.

Серхио Бускетс, кој беше критикуван за слабите игри под водство на Ернесто Валверде, овојпат диригираше со нападите на Барселона со вкупно 145 додавања до соиграчите.

Се вчитува...