Калин Ивановски, македонската тениска надеж денес ќе го има своето деби на единствениот Грен слем на земјена подлога, Ролан Гарос.
Младиот тенисер во првото коло од јуниорскиот турнир за противник ќе го има Жоао Фонсека од Бразил, двобој со кој од 11. часот и ќе биде започнат тенискиот ден во Париз.
Покрај Ролан Гарос, Ивановски претходно беше дел и од преостанатите три јуниорски Грен слем турнири. Најдобар резултат забележа лани, на тревната подлога на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА