Деби од соништата на Хари Кејн за Баерн (видео)

Хари Кејн имаше извонредно бундеслигашко деби во дресот на Баерн Минхен откако англискиот голгетер го предводеше својот тим до триумф од 0-4 на гостувањето против Вердер, во мечот со кој и официјално беше отворена новата сезона во Бундес-лигата.

Засилувањето за кое Баерн му плати над 100 милиони евра на Тотенхем блесна веќе во 4. минута, кога извонредно асистираше до Лирој Сане, а германскиот репрезентативец откако истрча триесетина метри кон противничкиот гол, рутински ја смести топката во мрежата. Вердер веднаш израмни на 1-1, но тој гол беше поништен поради офсајд, по што Баерн со дисциплинирана игра го бранеше стекнатото водство.

Вердер тргна во офанзива на стартот од второто полувреме, период во кој домаќините создадоа и неколку шанси, но не успеаја да стигнат до израмнување. Точка на сите дилеми околу победникот на мечот во Бремен стави самиот Кејн, кој на додавање на Коман од десетина метри зголеми на 0-2. Англискиот голгетер во самиот финиш беше повлечен од игра, а Баерн потоа во судиското продолжение постигна уште два гола, најпрвин преку Сане на асистенција на Милер, а потоа и преку младиот Тел, кој ги постави конечните 0-4.

Се вчитува...