Дедо Мраз делеше поени, асистенции и блокови во СЦ „Јане Сандански“ (ВИДЕО)

Феникс 2010 одигра речиси перфектно во последниот натпревар за 2022 година и славеше убедливо против фаворизираниот Гостивар. Младиот скопски состав беше на врвот на задачата на двата дела од теренот, одлично одговорија сите кошаркари во „виолетово-жолто“, а истите ги предводеше Бојан Трајковски.

Претпознатлив со брадата во стилот на Дедо Мраз, доскорешниот репрезентативец мечот го заврши со 20 поени, а ги пополни и остнатите категории. Додаде 11 скока од кои два во нападот, пет пати асистираше до соиграчите, забележа и четири блокови и една украдена топка.

Се вчитува...