Дефинитивен крај за Погба во Јунајтед?

Пол Погба тешко може да послужи како „чадор“ за она што се случува со Јунајтед. Фудбалерот од средниот ред не е стандарден, а на дуелот со Ливерпул влезе во игра од клупата за резерви, но беше исклучен по 15 минути.

Сепак, навивачите се лути, а Пол Сколс вели дека Французинот ги прокоцкал сите можности.

„Менаџерите се сменија, тој е тука долго време, но никогаш не покажа дека може да игра добро во континуитет. Секако дека поразот не е негова вина, но не случајно тој постојано прави проблем во соблекувалната. Различни менаџери му даваа шанси, но тој не успеа да ги искористи. Во оваа ситуација кога му истекува договорот и кога треба да размислува за клубот – тој само уценува. Мислам дека не треба повеќе да игра за Јунајтед и ништо нема да се смени ако замине, Јунајтед не губи“, потенцираше Сколс.

Можеби Сколс е во право, но договорот се уште е на маса за повеќе од 20 милиони евра по сезона. Погба не одговара, а Мино Раиола навести дека нема да дадат одговор до пролет.

Французинот се крие зад своите амбиции, смета дека Јунајтед во овој момент нема шанси да се бори за сериозни работи и не сака да губи време. Ќе чека понуди, пред се од Реал. Кај Раиола има надеж дека Перез ќе го доведе Погба, за да го одобри Мбапе и дополнително да го убеди да пристигне во Мадрид.

Се вчитува...