Дефинитивно е одложен мечот на младите поради целосно замрзнатиот терен на Фарските острови

Натпреварот меѓу фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со врсниците од Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство 2021 е одложен за јуни 2020 година поради лошите временски услови и целосно замрзнатот терен на стадионот во Торсволур.

Делегатот на УЕФА по спроведената инспекција на теренот одлучи дека во Торсволур нема услови за одигрување на еден натпревар и поради тоа се донесе одлука мечот кој требаше да се игра денеска во 18 часот да биде одложен за следната година. Македонија во моментов се наоѓа на 3. позиција на табелата во групата 6 со освоени 7 бода на четири одиграни натпревари.

Се вчитува...