Дејан Блажевски – креатор на триумфот над Победа (ФОТОГАЛЕРИЈА + видео)

Дејан Блажевски е најзаслужниот за убедливата победа на Вардар од 4-0 против Победа во 30. коло од Првата македонската фудбалска лига, со која „црвено-црните“ веќе сериозно се пред промоцијата како старо-нови фудбалски шампиони.

Блажевски денеска едноставно беше нерешлива загатка за прилепчани, постигнувајќи прекрасен погодок од слободен удар, постојано учествувајќи во сите офанзивни акции на тимот, а и асистирајќи за уште еден погодок на „вардарци“…

Фелипе го донесе Вардар во водство уште во 26. минута…

Најубавиот момент следеше во 41. минута кога Блажевски испрати вистински проектил од слободен удар…

Во второто полувреме Грузиецот Џигаури го постигна својот прв гол, но само благодарение на Блажевски…

А, сето тоа на крајот беше заокружено со погодокот на Којашевиќ…

На крај, за повеќе од заслужена победа на Вардар кој вообичаено веќе игра пред сосема празни трибини. На прсти денеска можеа да се избројат посетителите на „Телеком арената“.

[new_royalslider id=”614″]

Се вчитува...