Дејан Богданов добитник на наградата „8 септември“

Во Собранието на Република Македонија, денеска беше врачена државната награда „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело како и признанија за спортисти, тренери, селектори, тренерии и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2023 година.

Наградата за животно дело, годинава е врачена на борачот Дејан Богданов. Богданов има исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмација и промоција на Република Македонија, надвор од границите.

Елизабета Божиновска Вучкова, Назми Али, Златко Калински, Санде Коцев, ги добија наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери, селектори и тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.

Се вчитува...