Дејвид Мојс сака да биде нов селектор на Шкотска

Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер јунајтед, Дејвид Мојс го посакува селекторското место во репрезентацијата на Шкотска.

Шкотскиот стратег секако се смета за еден од фаворитите да ја превземе работата на Гордон Страхан, барем така известуваат британските медиуми. Мојс е без менаџерски ангажман откако минатата сезона отпадна со екипата на Сандерленд од Премиер-лигата, при што доби отказ.

54-годишниот тренер своевремено беше назначен како наследник на сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед, но не успеа да си ја задржи работата, доби отказ по нецела сезона. Премиер-лигата потоа ја замени со шпанската Ла Лига, го превзеде кормилото на Реал Сосиедад, но и таму издржа само една година. Серијата на откази продолжи и во Сандерленд, откако не успеа да обезбеди опстанок на екипата.

 

Се вчитува...