Дејвис ги водеше Лејкерс до нов триумф, Јокиќ и Денвер повторно очајни (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс им се врати на победите во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликасн на убедлив начин со 108-123.

Ентони Дејвис со 35 поени беше убедливо најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Брендон Инграм заврши со 22 поени.

Никола Јокиќ и Денвер нагетс го забележаа и четвртиот пораз во низа откако загубија на гостувањето кај Торонто репторс со 125-110. Недоволни беа 28 поени на Никола Јокиќ за победа на Денвер, додека кај победникот Фред Ванвлит заврши со 36 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Кливленд 104-120, Вашингтон – Детроит 117-97, Оклахома – Бруклин 121-107, Сан Антонио – Орландо 132-114, Феникс – Милвоки 104-116 и Портланд – Њујорк 107-123.

Се вчитува...