Дејвис го воскресна Веспрем и доби нов договор

Давид Дејвис е најзаслужниот што Веспрем по очајниот старт на сезоната сега повторно изгледа како сериозен кандидат за пласман на фајналфор турнирот во Келн. Токму затоа, не е никакво изненадување што шпанскиот стратег денеска потпиша нов договор со Веспрем, со важност до 2020 година.

„Давид Дејвис дојде во Веспрем во октомври 2018 година. Под негово водство се вративме на победнички патеки, забележавме 16 триумфи во низа, така што со задоволство сега ја продолжуваме соработката за уште една година“ – објавија од раководството на Веспрем.

Поранешниот член на стручниот штаб на Вардар исто така не го криеше задоволството од потписот на новиот договор.

„Благодарен сум на сите во клубот, на менаџментот, на играчите и на навивачите за поддршката што ја добивав од почетокот на оваа авантура. Еден човек не може сам да направи промена, последните успеси се плод на заедничка работа“ – изјави Дејвис.

Се вчитува...