Дејвис: Во моментот чувствувам дека имаме голем проблем да функционираме како тим

Еурофарм Пелистер во првиот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата претрпе пораз. Битолчани не успеаја да се покажат во добро светло на гостувањето кај Војдовина па „црвено-белите“ кои беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот сосема заслужено славеа со 29-24.

Тренерот на „зелено-белите“ проблемот го најде во противничката одбрана, исто како и Вилсон Дејвис кој додаде и дека во моментот не чувствува тимска хемија по долгата пауза.

„Заслужена победа на Војводина. Тие беа подобриот тим, ние немавме одговор за нивата одбрана. Во моментот чувствувам дека имаме голем проблем да функционираме како тим по толку долга пауза“, изјави Дејвис.

Се вчитува...