Дејвис: За нас како Вардар и покрај елиминацијата ова реми е многу важно

Ракометарите на Вардар одиграа за својата чест, ремизирајќи (31-31) во реваншот против Веспрем во осминафиналето од Лигата на шампионите. Сепак, големиот пораз во првиот меч во Скопје минатата недела (22-30) не можеше да биде надокнаден во вториот натпревар.

Тренерот на „црвено-црните“ Давид Дејвис вели и покрај тоа што го завршија својот настап во осминафиналето, задоволен е со ремито бидејќи многу е тешко да дојдеш до таков резултат на гостување кај унгарскиот тим.

„Најпрво честитки за Илиќ за пласманот во четвртфиналето. Многу среќа понатаму. Честитки за Веспрем, тука бев две и пол години и им посакувам се најдобро. Исто и за мојот тим затоа што знам дека тука е никогаш не е лесно да се игра. Иако губевме по првото полувреме, ние продолживме да играме и да растеме. Имаме уште важни натпревари. Среќен сум поради резултатот, да одиграш нерешено со Веспрем не е лесно. Иако за нив можеби ремито е неважно, за нас е многу. Исто и благодарност до навивачите кои дојдоа тука со нас“, изјави Дејвис.

Се вчитува...