Деклан Рајс не го интересира Германија – останува во Премиерлигата

Деклан Рајс ќе остане во Премиерлигата и во иднината, пренесуваат англиските медиуми. Репрезентативецот на Англија ова лето ќе замине од Вест Хем Јунајтед, а тоа нема да биде во редовите на Баерн Минхен.

Германскиот гигант кој е предводен од Томас Тухел изрази голем интерес за негов потпис, но до истиот нема да дојде бидејќи Рајс не сака да замине во Германија. Тој преферира да остане во родниот крај, а во тој поглед поголемa шанса за негов ангажман има Арсенал отколку Манчестер Јунајтед.

За поранешниот младинец на Челси заинтересирани се и „сините“, меѓутоа со оглед на неизборениот настап во Лигата на Шампиони следната сезона и големите турболенции на „Стемфорд Бриџ“ камбек дома е мала веројатност ова лето.

Се вчитува...