Деклан Рајс одбива нов договор со Вест Хем – Челси и Манчестер Јунајтед чекаат на готовс

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс не е задоволен од трансфер политиката на Вест Хем и одбива да потпише нов договор со клубот, објавија англиските медиуми. Со тоа се отвара можноста за богат трансфер во редовите на Челси или Манчестер Јунајтед кој не го кријат интересот за својот поранешен младинец.

Дваесетидве годишниот играч од средниот ред претходната сезона блесна во Вест Хем и беше еден од главните играчи на тимот во историската сезона во која се клубот се избори за место на табелата која води во Лига Европа. Добрата форма ја пренесе и на Европското првенство, како и на почетокот на оваа сезона, а во вчерашната победа над Лестер имаше импресивен настап.

Вест Хем за услугите на својот фудбалер бара повеќе од 100 милиони евра, а проблем за неговиот трансфер од редовите на „чекичарите“ е неговиот договор кој е со важност до 2024 година па клубот нема намера да брза со реализација на истиот.

Целата ситуација ќе се обиде да ја искористат Челси и Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок до кој остануваат уште осум дена. „Црвените ѓаволи“ притоа ќе се обидат во трансферот да го вклучат и Џеси Лингард кој се препороди претходната сезона во лондонскиот тим.

Се вчитува...