Поранешниот играч на Барселона Деко, повторно ќе се врати во клубот, но во друга улога.
Како што соопштил претседателот Жоан Лапорта, некогашниот португалски репрезентативец ќе биде скаут на тимот за Португалија и Бразил. Тој ќе има задача да бара нови таленти за „каталонците“ во овие две земји, во соработка со спортскиот директор Матуе Алемани.
Деко заедно со Рафаел Маркез и Самуел Ето, му дадоа поддршка на Лапорта за време на претседателските избори во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА