Дел Пјеро со идеја како да биде завршена сезоната во Серија А

Никој не знае кога и дали воопшто ќе заврши фудбалската сезона поради пандемијата од коронавирусот. Во најголем проблем е Серија А, бидејќи Италија е едно од најголемите жаришта на вирусот во светот. Свое мислење околу завршувањето на сезоната даде и легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.

„Мислам дека сезоната може да се заврши ако се игра без публика. Тоа ќе биде одлично за навивачите кои ќе сакаат да ја убијат здодевноста дома гледајќи ја својата омилена екипа. Секако дека ќе има страв во посебни ситуации, но спортистите се силни, тие можат да го победат проблемот“, изјави Дел Пјеро. 

Италија во моментов е втора земја по бројот на заразени, откако во претходното деноноќие САД ја помина, додека е земја со најмногу смртни случаи од вирусот, 8.215.

Се вчитува...