Дел Пјеро е воодушевен од дебитантот во ЛШ: Комо го обели образот на Италија

Поранешниот фудбалер на Јувентус и на италијанската репрезентација, Алесандро Дел Пјеро, има само пофални зборови играчите, тренерот и сопствениците на Комо по синоќешната историска победа во Лигата на шампионите.

Комо во дебитантскиот настап во ЛШ, пред своите гледачи со убедливи 4:1 го совлада Лајпциг.

Дел Пјеро посебно е импресиониран од тренерот Францеск Фабрегас кој со огромен успех го предводи Комо.

„Се беше специјално на првиот ден за Комо во ЛШ, резултатот, атмосферата, навивачите… Многу работи се случуваат и одат во позитивна насока за Комо. Пресреќен сум бидејќи претставувајќи ја Италија ја остварија единствената победа од четирите екипи во ЛШ. Неверојатно добро се организирани и тоа го покажуваат постојано. Имаат одлична енергија, ја контролираат играта и имаат силен карактер“, изјави Дел Пјеро кој сега работи како стручен аналитичар за телевизијата СБС.

Се вчитува...