Дел Пјеро по дебакалот во Палермо: Мора да има одговорност, сега е тешко да се размислува позитивно

По сензацијата во Палермо по поразот од Италија, Александро Дел Пјеро се обиде да даде кратка анализа на она што се случи во Палермо.

Италијаните се уште во шок по елиминацијата од Македонија, бидејки тие беа убедени дека ќе играат финале против Португалија или Турција.

Легендата на италијанскиот фудбал се обиде да го даде своето стручно мислење за она што им се случи во четвртокот.

„Играчите по овој неуспех, мора да преземат одговорност, сите до еден, а репрезентацијата полека да се консолидира. Ова не го очекувавме, ова беше се една голема драма. Тешко е да се размислува позитивно по еден ваков пораз“, истакна Дел Пиеро.

Иако се очекуваше отказ за селекторот Манчини, се чини дека тој ќе го преброди тоа и дека ќе продолжи да ја води Италија во иднина.

Се вчитува...