Деле Али казнет со еден натпревар поради расистички навреди

Фудбалерот на Тотенхем Деле Али доби суспензија од еден меч од страна на Фудбалската федерација на Англија поради расистичкиот видео клип во кој ги напаѓа Кинезите како главни виновници за коронавирусот. Тој брзо ја избриша објавата и упати извинување, но не успеа да се спаси од суспензија.

„Здраво луѓе. Сакам само да се извинам поради видеата кои ги објавив. Не сакам да имате лошо мислење за мене, тоа не беше смешно и затоа сакам да се извинам. Со тие работи не треба да се шегуваме. Им испраќам љубов на сите луѓе во Кина“, напиша тогаш Али. 

Поради казната Деле Али ќе го пропушти натпреварот против Манчестер Јунајтед кој е прв по паузата поради пандемијата од коронавирусот, а покрај суспензијата ќе треба да плати и казна од 50.000 фунти.

Се вчитува...