Деле Али ќе игра со Шкендија, мисли на ПСЖ и на Интер

Англискиот репрезентативец Деле Али вечерва против Шкендија ќе добие нова шанса од Жозе Мурињо да му докаже дека треба да биде носител на играта на Тотенхем, но нивните односи се сериозно нарушени откако менаџерот го повлече играчот за врска на полувремето од дуелот со Евертон, првиот меч од новата сезона во Премиер – лигата. Оттогаш почнаа и шпекулациите дека Деле Али ќе замине од Тотенхем, прва опција која многу брзо потоа и беше демантирана е Реал Мадрид, но многу пореални во моментот се ПСЖ и Интер.

Францускиот првак и италијанскиот калчолигаш сакаат да го добијат на позајмица офанзивниот играч од средниот ред, а одговорот сепак на крајот ќе го даде Жозе Мурињо.

Се вчитува...