Деле Али повреден при грабеж во неговиот дом

Англискиот репрезентативец Деле Али имаше кошмарно искуство откако синоќа се здоби со повреди на лицето од двајца крадци кои провалија во неговиот дом.

Деле Али со својот брат и со уште неколку пријатели се забавувал во куќата во Лондон кога во неа влегле две вооружени лица, заканувајќи им се на присутните. Детали од инцидентот не се познати, но по пристигнувањето на брза помош на асот на Тотенхем морале да му помогнат лекарите, по модринките во пределот на главата.

Украдени биле часовници, накит и останати вредни работи од куќата, а 24-годишниот фудбалер ги предал снимките од безбедносните камери на полицијата, која отвори истрага за случајот. Според полицискиот извештај, повредата на Деле Али не е сериозна и фудбалерот одбил да биде пренесен во болница.

Се вчитува...