Демба Ба: Ме возеа во „гепек“ за да потпишам за Вест Хем

Демба Ба одлучи на 36-годишна возраст да му каже збогум на фудбалот, но како играч што настапуваше во бројни клубови во различни земји Сенегалец е интересен соговорник кој секогаш знае да открие некоја неверојатна авантура од својата кариера.

Така, Ба во разговор за „Атлетик“ обелодени дека на трансферот во Вест Хем му претходело возење во „гепек“ по улиците на Лондон.

„Тоа беше во преодниот рок во 2011 година. Играв за Хофенхајм, ме бараа неколку клубови, а се договорив со Стоук, но не го минав лекарскиот преглед. Не стануваше збор за ништо посериозно, имав други понуди, па продолжив да преговарам со Вест Хем, чии челници исто така беа многу загреани да ме доведат. е согласија на се, но имаа еден услов, да дојдам на стадионот скриен во гепек на автомобил, бидејќи таму имаше огромен број на новинари од кои требаше да се скријам. Беше чудно, мој пријател го возеше автомобилот, но „гепекот“ беше многу мал, на секоја кривина се удирав со главата“, изјави Демба Ба.

„Малтретажата“ на крајот сепак се исплатеше бидејќи тој потпиша за Вест Хем, во трансфер вреден 3,5 милиони фунти. Тој одигра 12 средби за „чеканите“, постигнувајќи седум гола, но бидејќи тимот испадна од Премиер-лигата Сенегалецот веќе нааредното лето беше продаден во Њукасл.

Се вчитува...