Дембеле: Без пријатели можам и цела година да издржам, без видео-игри ниту еден ден

Францускиот репрезентативец Осман Дембеле успешно се опоравува од повредата која го мачи три месеци, сега подготвувајќи се за продолжението од шампионатот во Ла Лига.

За фудбалерот на Барселона беше добредојдена и паузата поради коронавирусот, која ја мина во домашна атмосфера. Интересно, Дембеле вели дека изолациите за него воопшто не се проблем, туку и добредојдени да се посвети на својата омилена забава.

„Една година без пријатели можам, но не и без видео-игри. Може да кажам дека не можам да функционирам и без интернет. Тоа се две нешта од кои сум зависен“ – вели Дембеле, дополнувајќи:

„Нешто премногу не страдав поради изолацијата. Но, сега сум доволно мотивиран за враќање на терените“.

 

 

Се вчитува...