Дембеле објави фотографија со која ги полуде навивачите на Барселона

Усман Дембеле пред неколку дена ја шокираше јавноста кога се појавија фотографии од неговата венчавка. Фудбалерот на Барселона реши да ја круниса врската со својата долгогодишна девојка, а во неговиот клуб никој не знаел за венчавката.

Французинот и синоќа беше во центарот на вниманието поради неговата објава на Инстаграм, која овој пат разбуди надеж кај навивачите на Барселона.

Барселона и Дембеле со недели преговараа за нов договор, а неодамна беше објавено дека нема договор и дека Французинот на крајот од сезоната ќе го напушти каталонскиот клуб како слободен играч.

Но, претходните денови приказната се промени и некои медиуми во Шпанија објавија дека Дембеле одлучил да остане во Барса и да прифати договор според кој ќе заработува значително помалку пари од сега. Усман синоќа на Инстаграм објавил фотографија со грбот на Барселона, па многумина ја сфатија како знак дека ќе остане во клубот и ќе потпише нов договор.

 

 

Чави веќе неколку пати изјави дека би сакал Дембеле да остане во клубот и да потпише нов договор бидејќи сериозно смета на него, а верува дека може да биде еден од лидерите во играта на Барселона во наредните сезони.

Дембеле во досегашниот дел од сезоната одигра вкупно осум натпревари, а забележа и две асистенции. Повеќето натпревари ги пропушти поради повреди.

Се вчитува...