Дембеле поради глупост го пропушта „Ел Класико“?

Ернесто Валверде изненади со одлуката да го остави Гризман на клупата против Севилја, давајќи му предност на Усман Дембеле пред екс-голгетерот на Атлетико Мадрид. Крилниот офанзивец играше одлично, постигна и гол во убедливата победа од 4-0, а потоа пред самиот крај направи глупост поради која најверојатно ќе го пропушти „Ел Класико“.

Судијата Лахоз најпрвин го исклучи младиот Араухо поради два жолти картони, кога Дембеле му пријде и му дофрли нешто на главниот арбитар. Лахоз без размислување му покажа директен црвен картон на Французинот, предизвикувајќи бурна реакција од останатите фудбалери на Барса.

„Многу лош, многу си лош“ – му рекол Дембеле на судијата, стои во официјалниот извештај на натпреварот.

Со оглед на фактот дека станува збор за директен црвен картон, вообичаената санкција е најмалку два натпревари неиграње. Тоа ќе биде сериозен проблем за Валверде бидејќи втор натпревар по паузата за Барса ќе биде вечното дерби со Реал Мадрид, закажано за 26 октомври со почеток во 13 часот.

Претходно, Барселона на 19 октомври ќе му гостува на Еибар, дуел на кој поради суспензија покрај Дембеле нема да настапи ниту Пике, кој го заработи четвртиот жолт картон сезонава.

Се вчитува...