Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, се врати на тренинзите, нешто повеќе од две недели откако го повреди листот на ногата во дербито против Баерн Минхен на 5 ноември.
Тој почна да тренира во кампот на ПСЖ со левиот бек Нуно Мендеш, кој се чини дека се опоравил од проблем со коленото. Ова е добра вест за Парижаните, со оглед на тоа што во изминатиот период беа без неколку важни играчи.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека клубот нема да брза со враќањето на францускиот репрезентативец.
„Тој напредува од ден на ден и јасно е дека неговата форма се подобрува. Постои можност наскоро да почне да тренира со полн интензитет, но мора да бидеме внимателни и да видиме како ќе реагира на поголем обем на работа. Верувам дека ќе го видиме повторно на теренот во наредните недели“, рече Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

