Демир Имери продолжува во Зрињски

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Демир Имери својата кариера ја продолжува во прволигашот од БиХ, Зрињски.

24-годишниот крилен офанзивец минатава сезона настапуваше за украински Олимпик Доњецк, а сега се приклучи на подготовките на Зрињски каде ќе мине седум дена тест период пред евентуален договор со клубот.

Претходно во својата кариера Имери има настапи и за Работнички, Ренова, Шкендија, Хоризонт Турново, финскиот Кеми Кингс како и ФЦ Моста од Малта. Има и седум настапи за младата репрезентација на Македонија.

Се вчитува...