Демолирана статуата посветена на Дани Алвеш во неговиот роден град

Статуата посветена на поранешниот бразилски фудбалер, Дани Алвеш во неговиот роден град Жуазеиро е демолирана и се очекува наскоро да биде целосно отстранета на барање на жителите на градот кои се бесни по оптужбата и пресудата за силување.

Алвеш на крајот на 2022 година се најде во центарот на скандал откако беше оптужен за силување во ноќен клуб во Барселона и по 14 месеци поминати во притвор доби затворска пресуда од четири и пол години. Трофејниот фудбалер од неодамна е привремено на слобода бидејќи за него е платена кауција од еден милион евра откако Судот во Шпанија одобри да биде во куќен притвор до донесување на правосудната одлука.

Во меѓувреме тој дополнително ја разбесни јавноста бидејќи неполни 48 часа по излегувањето од затвор направи забава која траеше до раните утрински часови во неговата вила во Барселона по повод роденден на неговиот татко.

Се вчитува...