Демонте Бакингхем со трансфер од Феникс 2010 во унгарското првенство

Еден од најдобрите играчи на Феникс 2010, Демонте Бакингхем кариерата ќе ја продолжи во Атомерому, потврди скопскиот клуб. Добрите настапи на Американецот во македонското првенство го примамија интересот од регионалните првенства, а унгарскиот прволигаш беше оној кој ја активираше откупната клаузула.

Дваесетипетгодишникот настапи на сите шест натпревари во сезоната, а забележа просек од 19.2 поени, 8.3 скока и 3.7 асистенции со што беше прв поентер и трет најдобар скокач во „виолетово-жолто“. Со неговото заминување се отвара можност за ангажман на нов играч, но раководството на клубот не ја исклучува можноста за поголема шанса на домашните играчи.

Се вчитува...