Ден за дербија: Битка за Рим, Ел Класико и „шлагот“ Ривер – Бока

Денешниот ден е ден за фудбалски дербија низ Светот. Ќе има многу интересни дуели, битки за бодови, и дуели кои сите со нетрпение ги очекуваат.

Денот почнува со француско дерби и дуелот меѓу Монако и ПСЖ (13 ч), а продолжува со битката за Лондон меѓу Тотенхем и Вест Хем (17:30). Оние вистинските дербија стартуваат во 18 часот, со битката за Рим, и дуелот меѓу Рома и Лацио.

Во 21 часот се чини најинтересното и долго очекувано Реал Мадрид – Барселона. Дуел кој се чека низ текот на целата година, особено сега кога и двата тима се во одлична форма, и ќе биде интересно да се види кој ќе победи, иако Реал Мадрид има голема предност на првото место на табелата. Ако некој може да ги сопре „кралевите“, тоа сигурно е Барселона која со Чави игра далеку подобро од првиот дел од сезоната.

И за крај шлагот, аргентинското и јужноамериканско дерби меѓу Ривер Плата и Бока, меч кој почнвуа во 23 часот, или веднаш по шпанското Ел Класико.

Се вчитува...