Ден за супер-дерби натпревари: Еуро Никел го пречекува ТФТ, Гостивар му гостува на Работнички

Петнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига ни нови шест возбудливи натпревари од кои пет ќе бидат одиграни денска во Скопје, Струмица, Кавадарци и Куманово.

На нив силите од 16 часот ќе си ги одмерат Работнички и Гостивар, како и Струмица и Пелистер. Од 17 часот ќе биде одигран натпреварот на колото помеѓу Еуро Никел и ТФТ, час подоцна започнува средбата помеѓу Чаир 2030 и Кожув, а богатиот ден ќе заврши во „Перо Наков“ со дуелот помеѓу Куманово и Феникс 2010 од 19:00.

Фокусот на денот е во „Јасмин“ каде кавадарчан и скопјани ќе се бодат за бод повеќе во битката за плеј-оф. Еуро Никел и ТФТ влегуваат во средбата со скор 9-5 и ќе целат на нова победа која би ги довелеа во поповолна ситуација. Од таборите на двата тима очекуваат тежок и неизвесен натпревар.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Академија ФМП од 18 часот.

Се вчитува...