Ден за заборав на Лина Ѓорчевска во Рим

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска нема по добро да го памети денешниот ден на турнирот во Рим откако загуби во два натпревара. Првиот меч против Италијанката Дебора Кијеза го загуби со 1-2 (6-4, 4-6, 2-6), а потоа не славеше ниту во дубл мечот.

Во него застана рамо до рамо со Чехињата Ана Шишкова, но забележа пораз против Русинката Дарија Астакхова и Летонката Даниела Висмане.

Првиот сет го загубија со 2-6, а откако доминираа со 6-0 во вториот, драмата во третиот сет им припадна на противничките кои славеа со 8-10 за голема победа и место во следната фаза.

Се вчитува...