Дени Илиев одличен за Арсенал против Сандерленд

Дени Илиев конечно ги остава зад себе проблемите со повредите што го мачеа во последните две години, па македонскиот голман имаше успешен настап за екипата на Арсенал за играчи до 23 години, на дуелот против Сандерленд што „топчиите“ го добија со 2-0.

За Илиев ова беше прв официјален натпревар по пауза од повеќе од две години, со оглед на фактот дека станува збор за меч од У23 лигата во Англија, а македонскиот чувар на мрежата одлично одговори на предизвикот. Тој имаше неколку добри интервенции, бранејќи и зицер при водство на Арсенал од 1-0, овозможувајќи неговиот тим во финишот да постигне нов гол и да ја осигура победата.

Илиев важеше за огромен талент на мак-фудбалот, но честите повреди го оддалечија предолго од терените. Сепак, негово враќање во форма дефинитивно е добар знак, откако младиот чувар на мрежата претходно беше повикан и како трет голман од страна на селекторот Ангеловски, за дуелите со Израел и со Албанија.

Се вчитува...