Денвер без Јокиќ убедливо поразен од Минесота

Минесота стави крај на серијата од три победи во низа на Денвер откако изминатата вечер славеше со 128-98 во натпревар во кој не настапи српскиот интернационалец Никола Јокиќ. Покрај центарот на теренот не се најдоа ниту стартерите Мари, Арон и Поуп па тимот од Колорадо беше убедливо поразен.

Ентони Едвардс беше прво име кај Тимвервулвс со 20 поени, 4 скока и 3 асистенции, додека Мајкл Портер ги предводеше Нагетс со 22 поени и 3 скока.

„Дабл-дабл“ учиноците на Џоел Ембид (31 поен и 14 скока) и Џејмс Харден (12 поени и 12 асистенции) не беа доволни за Филаделфија да забележи победа на гостувањето во Њујорк. До победа од 108-97 Никс го предводеа Рендл со 24 поени, 9 скока и 7 асистенции, односно Брансон со 21 поен, 7 асистенции и 5 скока.

Во останатите натпревари:

Шарлот – Орландо 113-119
Индијана – Кливленд 103-112
Мемфис – Торонто 103-106
Њу Орлеанс – Сакраменто 136-104

Се вчитува...