Денвер и без Никола Јокиќ победува во НБА (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер нагетс стигна до нов триумф откако синоќа славеше на гостувањето кај Портланд трејлблејзерс со 111-114.

Иако на овој меч франшизата од Колорадо беше без своите најдобри кошаркари, Никола Јокиќ и Џамал Мареј и  тоа не беше проблем за нов триумф сезонава. Во отсуство на овие двајца најдобар поединец во таборот на Нагетс, беше Реџи Џексон со 23 поени, додека кај поразените Дуп Рит постигна 24 поени.

Бостон селтикс продолжува да доминира во Источната конференција. Нови на менито на „детелинките“ беа Чикаго булс кои загубија на домашен терен со 113-124. Џејсон Тејтум со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Демар Дероузен заврши со 28 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Њујорк – Бруклин 105-93, Орландо – Сакраменто 107-109, Атланта – Шарлот 132-91, Сан Антонио – Феникс 106-131, Хјустон – Јута 147-119 и Вашингтон – Торонто 112-109.

Се вчитува...