Денвер немоќен на стартот од плеј-офот, Филаделфија го растури Торонто (ВИДЕО)

Синоќа стартуваше плеј-офот во НБА лигата, а победи на стартот запишаа Голден стејт, Јута, Филаделфија и Минесота.

Во првиот меч Јута го победи Далас, без Лука Дончиќ, со 99-93. Минесота, пак, славеше против Мемфис со 130-117 предводена од Ентони Едвардс кој постигна 36 поени, а огромен доприност на победата имаше и Карл-Ентони Таунс со 29 поени и 13 скока.

Филаделфија комплетно го разби Торонто победувајќи со 131-111. Кај Филаделфија, Максеј запиша 38 поени, Харис дополни со 26 а Харден 22 поени со дури 14 асистенции.

Голден стејт триумфираше против Денвер со 123-107. Се врати Стеф Кари, но имаше скратена минутажа, и за 21 минута постигна 16 поени. Вориорс беа предводен од Пул со 30 поени, додека Томпсон дополни со 19 поени.

Никола Јокиќ заврши со 25 поени и 10 скока, а Бартон кај Денвер запиша 24 поени.

Се вчитува...