Денвер се врати на победите, нов трипл-дабл на маестро Јокиќ – Далас и Дончиќ до победа над Атланта

На домашен терен, заедно со уште една маестрална партија на Никола Јокиќ, Денвер го совлада Бруклин Нетс со резултат 124-104.

По три последователни порази, Денвер Нагетс синоќа ја прекина црната серија. Српскиот центар беше речиси уште еднаш непогрешлив, па неговиот учинок беше 27 поени, 12 скока и десет асистенции.

Денвер го „скрши“ натпреварот во третата четвртина, во која стигна до дваесетина поени разлика и до крајот не им дозволи на кошаркарите на Нетс посериозно да се заканат. Гостинскиот тим го предводеше Кајри Ирвинг со 27 поени и 11 асистенции.

 

 

Далас без поголеми проблеми славеше против Атланта so 103-94. Лука Дончиќ на почетокот на вториот дел оствари нов трипл-дабл, 18 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Колинс постигна 22 поени и имаше 18 скока кај гостите, Богдановиќ запиша само пет поени и три асистенции, имаше лош шут и слаб натпревар.

Резултати:

Кливленд – Индијана 98-85

Далас – Атланта 103-94

Орландо – Бостон 83-116

Хјустон – Њу Орлеанс 107-120

ЛА Клиперс – Милвоки 113-137

Чикаго – Филаделфија 108-119

Денвер – Бруклин 124-104

Минесота – Детроит 118-105

Се вчитува...